„Правда за Кољо“: протест вечерва во Аеродром

Од:

Стотина млади лица вечерва одржуваат протестен марш од скопската населба Аеродром до Кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“.

Граѓаните, кои во текот на денот се организираа на социјалните мрежи, не извикуваат никакви пароли, а повеќето носат црна облека. Тие бараат повисока затворска казна за убиецот на 17-годишниот Никола Христовски – Кољо, на кој  Кривичниот суд му изрече тригодишен затвор.

Ова е трет сличен протест, по двата кои се одржаа минатиот месец,  кога беше донесена судската пресуда. Оттогаш, Обвинителството поднесе жалба на пресудата.

Од Кривичниот суд тогаш за А1он појаснија дека за кривичното дело Убиство на миг, за кое му се судеше на обвинетиот, 18-годишниот А.Т., предвидена е затворска казна од една до пет години.

Член 125 вели дека тој што друг ќе лиши од живот на миг, доведен без своја вина во состојба на силна раздразнетост со напад или со тешко навредување или како последица на семејно насилство од страна на убиениот ќе се казни со затвор од една до пет години.

 

Би можело да ве интересира

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата