Договорени правда и здравство кај Алијанса, Таравари вели: не е точно

Од:

И покрај написите дека Алијанса за Албанците договорила влез во Владата и ќе биде новиот коалиционен партнер, лидерот на партијата прашан од А1он дали може тоа да потврди, кусо одговори: Не е точно!

Како нови имиња кои се спомнуваат дека се договориле се Фадил Цана, и Кренар Лога, како министер за правда. Но и за тоа нема потврда од лидерот на Алијанса за Албанците.

Освен овие позиции се преговара деновиве и за заменички места во некои министерства како и директорски позиции. Сепак, според одредени партиски информации, Министерството за правда можно е да остане кај сегашниот министер Тупанчевски.

Нема да чекам до недоглед, идната недела ќе се знае дали влегуваме во владината коалиција или не, рече во интервју за А1он на почетокот на неделава, лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.

Иако кажа дека најважно му е да се испеглаат програмските разлики, сепак потенцира и дека немаат намера да влезат во владината коалиција ако им се дадат некои небитни директорски места или министерства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он