Актуелниот пратеник Зијадин Села ќе биде кандидат на ДПА за градоначалник на Струга, на престојните локални избори дознава А 1 од партиски избори.
Кандидатурата на Села, лично на партиското членство во сабота ќе му ја соопшти претседателот на партијата Мендух Тачи, кој се очекува да дојде во Струга.
Покрај Села, во трката за кандидат беше и поранешниот пратеник Гариб Каба. Останува отворено прашањето дали во Струга, ќе се реализира коалицијата помеѓу СДСМ и ДПА иако неофицијално се зборува дека двете партии веќе ги договриле општините каде меѓусебно ќе се подржат.
Онаму каде што мнозинство се Албанци, СДСМ треба да го подржи кандидатот на ДПА, а во останатите општини и Куманово каде неколку години СДСМ е на чело во локалната самоуправа, ДПА да го подржи кандидатот на СДСМ.
Трката за градоначалничкото место во Струга на престојните локални избори се очекува да биде доста жестока, а според добрите познавачи на приликите атмосферата ќе се загрее откако и ДУИ ќе го официјализира својот кандидат за градоначалник, каде внатрепартиската битка се води помеѓу поранешниот министер за образование Азис Положани и сегашниот градоначалник Рамиз Мерко.
Низ Струга се зборува и дека ако Мерко не биде подржан од неговата ДУИ, тогаш тој ќе оди како независен кандидат.
Мики Трајковски