Пратеникот Николоски член на ад-хок комисијата на ПС на СЕ за набљудување на изборите во Азербеџан

Од:

Пратеникот Александар Николоски, кој е шеф на македонската делегација во Парламентарното Соберание на Совет на Европа, е избран за член на ад-хок комисијата на ПС на Советот на Европа за набљудување на претседателските избори во Азербеџан.

Изборите ќе се одржат на 9 октомври оваа година, а ад- хок комисијата ќе биде во мисија од 6 до 11 октомври. Претеникот Николоски е избран како претставник на најголемата парламентарна група во ПС на Советот на Европа-групата на Европската Народна Партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека пратеникот Николоски беше дел од ад-хок комисијата за набљудување на парламентарните избори во Бугарија во мај оваа година, што е првпат во нашата парламентарна историја во иста година еден пратеник да е избран во две мисии за мониторинг на избори определени од ПС на Советот на Европа, што за држава како Македонија претставува своевиден парламентарен и дипломатски успех.

Целта на ад-хок комисијата за мониторинг на претседателските избори во Азербеџан е да обезбеди фер, компетитивни, демократски и слободни избори на кои граѓаните ќе можат слободно да ја искажат својата волја.  Ах-хок комисијата врз основа на теренските активности кои ги има пред изборите на денот на гласање и во пост изборниот период, изготвува извештај кој се усвојува од страна на ПС на Советот на Европа и преставува основа за ценење на демократскиот капацитет на секоја земја која е под мониторинг.

– Учеството во ваква мониторинг мисија покрај меѓународно претставување на земјата, особено е значајно и за користење на искуства за подобрување и унапредување и на нашето законодавство и практики за спроведување на избори, каде досега Македонија има низа позитивни оцени, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска