И пратеникот Љубен Арнаудов излегува од притвор

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Љубен Арнаудов, обвинет за настаните од 27 април излегува од притвор. Претходно неколку часа од куќен притвор беше ослободен пратеникот Сашо Василевски.

И двајцата сега може да одат во Собранието и да гласаат за уставните измени.

Претходно, пратеникот Љубен Арнаудов по одложувањето на рочиштето за 27 април, изјави дека никој го нема известено за амнестија или било какво помирување. На прашањето дали би гласал за уставните промени во замена за амнестија, Арнаудов изјави дека амнестијата е политичка одлука, нема никаква поврзаност со судот и дека за уставните промени ќе одлучи исклучиво во интерес на државата.

Од скопска Апелација за „А1он“ потврдија Арнаудов излегува од притвор со 300 илјади евра гаранција.

Одлуката е правосилна. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека решението за Арнаудов сè уште не стигнало кај нив.

Предметот за пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, по барањето да се брани од слобода со гаранција е пред кривичниот совет на скопска единица. За в четврток, пак, ќе има јавна седница во Апелациониот суд за обвинетиот Јане Ченто на која ќе бара да излезе од притвор со 530 илјади евра. На ист начин од притвор се спаси и Митко Чавков кој понуди гаранција од над 600 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on