Пратеникот Груби се сретна со претставник од политичкиот одбранбен сектор на НАТО

Од:

Пратеникот Артан Груби и претседател на Kомисијата за европски прашања на Собраниeтo на Република Македонија, денеска се сретна со Кнут Кирст, висок функционер од политичкиот и одбранбен сектор на НАТО.

Во соопштението од Комисијата за европски прашања информираат дека Груби и Кирст размениле мислења за политичката состојба во земјата, активностите и надлежностите на Комисијата за европски прашања, патот кон системските реформи, како и за членството на земјата во НАТО и ЕУ.

Кирст изразил подготвеност да и помогне на Република Македонија за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО. Ја искажа својата силна поддршка и безрезервна заложба во однос на процесите на зачленување во НАТО алијансата како и ја потврди подготвеноста на државата во однос на усогласеноста со НАТО стандардите.

Груби побарал од Кирст поддршка да се препознае моментумот во земјата на евроатлантска аспирација, да се вложи несебична поддршка за финализирање на тој долготраен процес, се со цел идната година да се постигне заедничкиот интерес-Република Македонија да биде 30-та полноправна членка на Северноатланскиот Сојуз.

Груби, исто така, ги запозна гостите за текот на работите во Собранието, динамиката за донесување на законот за употреба на јазиците, претстојните локални избори кои ја очекуваат земјата.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Чешка нема да ја исполни целта за одбранбени трошоци на НАТО

САД упатија нови критики кон своите сојузници во НАТО

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

Наришкин: НАТО се подготвува за голем директен конфликт

САД повлекуваат авиони, разорувачи и подморници од НАТО