Пратеникот Бетиан Китев кандидат за градоначалник од СДСМ за Кавадарци

Од:

Пратеникот од Кавадарци, Бетиан Китев е кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за Општина Кавадарци.

– Кавадарци конечно ќе добие млад, чесен и способен градоначалник, посветен да се зафати со потребните реформи и подобрување на животот на сите граѓани на град Кавадарци. Граѓаните на Кавадарци во Бетиан ќе имаат сојузник кој секогаш ќе биде тука да ги сослуша и реши нивните проблеми. Со Бетиан на чело на општината, Кавадарци конечно ќе го започне својот пат да стане еден модерен град, со средена инфраструктура, со чист воздух и здрава животна средина, урбано целосно уреден, привлечен за туристите и економски силно развиен, каде секој граѓанин ќе може достоинствено да живее, се наведува во информацијата објавена на веб страницата на СДСМ Кавадарци.

Китев е роден е на 23 јуни1985. Основно и средно училиште завршил во Кавадарци. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Магистрирал на истиот факултет на насоката Политички науки.

Од 2009 до 2013 година бил советник во Советот на град Кавадарци, а од 2014 година пратеник во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива