А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците во наредните денови ќе одлучуваат за мандатот на Груевски

by А1он30/10/2018 - 17:2230/10/2018 - 17:26141
Share0

Од денеска почнува да тече рокот од петнаесет дена кога треба да заседава собраниската Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, по известувањето од кривичниот суд дека пратеникот Никола Груевски има правосилна пресуда за одлежување казна затвор од две години. Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски вели дека вчера го добил известувањето од собранискиот спикер и ќе го испочитува рокот за свикување на комисиска расправа, но не прецизира кој ден ќе се случи тоа. Претпоставките се дека Комисијата нема да заседава денеска, а најверојатно нема ниту утре, за кога веќе е закажана седницата за пратенички прашања.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според Уставот, на пратеникот може да му биде одземен мандатот, кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Според Деловникот за работа нa Собранието, предлог за одземање на мандатот поднесува Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, врз основа на известување од претседателот на Собранието.По предлогот на комисијата се води претрес на првата наредна седница на Собранието, при што претресот може да заврши со донесување одлука за одземање на мандатот на пратеникот, која се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.

Во случај постапката да стигне во фаза на гласање, неизвесно е дали ќе се обезбеди двотретинско мнозинство кое ќе гласа за одземање на мандатот на Груевски. Во оваа насока е и изјавата на пратеникот од ДУИ Артан Груби кој се сомнева дека пратеничкиот мандат може да му биде одземен на поранешниот премиер, бидејќи се потребни и гласовите од опозицијата. Дел од опозициските пратеници, пак, кои гласаа за отворање на Уставот не кажуваат дали би гласале и за одземање на мандатот на нивниот доскорошен сопартиец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Не сум запознаен, не сум запознаен, не можеме да влијаеме ние ништо на тоа. И мене ми го одзедоа мандатот, па никој ништо не ме праша. Човекот кој ја води Комисијата директно е инволвиран во овој процес како засегната страна. Па така тој е претседател на таа Комисија. Тој беше како сведок засегнат, а претседаваше со таа Комисија. Нема логика“, изјави пратеникот Љубен Арнаудов, пред кривичниот суд каде се одржа рочиште за 27 април.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во меѓувреме течат и роковите до кога Судот треба да одлучи по молбата на Груевски за одложување на извршување на казната затвор, во која неофицијално, како причини се наведуваат неговите работни обврски како пратеник, но и приватни поврзани со докторат. Датумот до кога Груевски треба да се јави во затворот во Шуто Оризари е 8 ноември.

Галена Николовска-Ризвановиќ

gruevskisobranie

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он18/05/2026 - 16:06

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски18/05/2026 - 13:0518/05/2026 - 13:11

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски11/05/2026 - 09:3311/05/2026 - 09:43

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто