Пратениците в среда се враќаат на работа

Од:

По Велигденските празници, пратениците в среда треба да се вратат на работните обврски. Првата пленарна седница, според веб-страната на Собранието, е закажана за 19 април, а до крајот на месецот има закажано само уште една седница на 27 април која е посветена на пратенички прашања.

На дневен ред на 111. седница, која треба да се одржи во среда, се 33 точки меѓу кои предлог-одлуки за измена на одлуките за избор на претседател и членови на комисиите на Собранието, Комисијата за избори и именувања, Комитетот за односи меѓу заедниците и на Националниот совет за евроинтеграции.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог-дополнувањата на Законот за возила, Предлог-измените на Законот за Управата за јавни приходи и на Законот за интероперабилност во железничкиот систем.

На оваа пленарна седница се и Предлог-измените на Изборниот законик, поднесени од „Левица“, како и две предлог-измени на Законот за субвенциониран студенски оброк од кои едните поднесени од пратеници од СДСМ, а другите од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска