Пратениците в среда ќе расправаат за избор на нов државен обвинител и нов уставен судија

Од:

Предлозите за избор на обвинителот Љупчо Коцевски за нов републички јавен обвинител, и изборот на професорката Ана Павлова Данева за судија на Уставен суд, се на дневниот ред на 140. Седница на Собранието на Република Северна Македонија закажана за в среда.

Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавните обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Коцевски е адвокат од 1995 година, а во 2008 е избран во вишото обвинителство во Гостивар. Пред две години е унапреден во републичкото обвинителство.

Претходниот државен обвинител, Љубомир Јовески, беше именуван на 25 декември 2017 година, а го наследи Марко Зврлевски, кој беше разрешен во август истата година. Во моментов, в.д. републичка обвинителка на местото на Љубомир Јовески е обвинителката Соња Симовска.

Професорката Ана Павлова Данева доаѓа од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Таа беше предложена откако СДСМ го повлече предлогот за Љубомир Јовески кој беше предложен пред скоро две години. Уставен суд подолго време работеше по нецелосен состав, а изборот на Павлова Данева, би го пополнил последното празно место во Судот.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции