Пратениците се пуштени од притвор, ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи да не учествува на седниците, вели Џафери

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува идната недела опозицијата да се вклучи во работата на Собранието.

Според него ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе оправдувања да ги бојкотира седниците, бидејќи се отстранети причините за нивното отсуство.

– Аргументот кој го имаше ВМРО-ДПМНЕ беше поврзан со притворените пратеници за настаните од 27 април. Меѓутоа, Врховниот суд минатата недела ги ослободи од затворот во Шуто Оризари и им даде куќен притвор. Тоа значи дека овој аргумент е веќе елиминиран, а опозицијата нема друг за да го оправда неучеството во работата и расправите на седниците, смета Џафери.

Опозицијата денеска не учествува на седницата за пратенички прашања. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека допрва ќе ја донесат одлуката дали ќе се вратат во собраниските клупи.

Галена Николовска Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска