А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците расправаат за заем од 179 милиони долари за автопатот Кичево-Охрид

by А1он20/11/2019 - 14:43225
Share0

Пратениците денеска на продолжение на 116. седница ја почнаа расправата по Предлог-законот за гаранција од државата за Договор за заем од 179 милиони долари за дополнително финансирање на автопат Кичево – Охрид којшто ќе се склучи меѓу Експорт – импорт банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта. Расправата ќе продолжи попладнево во 15 часот по редовната пауза на пратениците.

Добивај вести на вибер

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски информира дека по изгласувањето на законот, што се носи по скратена постапка, Договорот за заем ќе се склучи меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Експорт – импорт банката на Кина.

– Проценетата вредност на дополнителните финансиски средства за проектот за кој претходно беше изгласан анекс на договорот од страна на ова Собрание, е 179.694.572 долари. Имплементатор на проектот ќе биде Јавното претпријатие за државни патишта. Проектот ќе се финансира со заем од Експорт – импорт банката на Кина, рече Сугаревски.

Заемот ќе биде доделен со рок на отплата од 20 години и вклучен грејс период од пет години. Каматна стапка е фиксна и ќе изнесува два проценти на годишно ниво за целото времетраење на заемот.

Пратеникот Илија Димовски констатира дека доаѓањето на СДСМ на власт во поглед на реализација на овој проект значи негова нереализација, неизграден пат, стопирање на сите активности за три години и дополнителен трошок за државата, односно граѓаните за 200 милиони евра.

– Сега земаме кредит, но кредитот ќе го плаќаме со даноци. Значи резултатот на доаѓање на СДСМ на власт за автопатот Кичево-Охрид е нереализација на проектот и земање на нови 200 милиони евра. Тоа е заклучокот, рече Димовски, додавајќи дека откако СДСМ дојде на власт, долгот на државата е зголемен за 700 милиони евра досега.

Пратениците од опозицијата прашаа зошто вредноста на патот се зголемува за 40 проценти, ако досега се реалиизрани 76 отсто од активностите. Прашаа и колкава е материјалната штета од ненавремено санирање на свлечиштата, одроните, оставање на објектите, како што рекоа, во тек на градба на забот на времето. Побараа одговорност за, наведоа, оксидација на арматурата, нарушување на стабилноста на мостовите и другите градби, за жртвите и повредените во потешките сообраќајки. Причината, според нив, е непостоење светлосна, вертикална и хоризонтална сигнализација на патот.

Пратениците во рамки на 116. седница ги донесоа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот градење, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка, Предлог-законот за изменување на Законот за спортот, сите по скратена постапка.

sobranie

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:20

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Катерина Ѓуровски13/02/2026 - 16:40

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски11/02/2026 - 18:3511/02/2026 - 19:01

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Горан Наумовски23/01/2026 - 14:01

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Горан Наумовски20/01/2026 - 12:26

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 08:39
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен