А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците преку законот за Инспекторат за употреба на јазиците, расправаат за извештајот на Венецијанската комисија

by А1он21/10/2019 - 14:26318
Share0

Пратениците по редовната пауза денеска ќе продолжат со расправата, главно за драфт извештајот на Венецијанската комисија во однос на Законот за употреба на јазиците, а по повод точката на дневниот ред за дополнетиот предлог на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Добивај вести на вибер

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ укажувајќи дека дополнетиот предлог на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците е директно поврзано со Законот за употреба на јазиците, побара оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија.

– Имам проблем со вашата неискреност и спремноста да се пазарите немајќи никаква морална линија во политичкото делување. Ветувавте дека ќе се внесат сите забалешки од Венецијанската комисија, како ќе ги внесете тие забелешки, рече меѓу другото Димовски.

Димовски апелираше до пратениците од СДСМ да не дадат зелено светло за Законот за употреба на јазиците во насока, како што рече, да се прати порака оти е потребно е да се постапува по препораките на Венецијанската комисија, а кои, според него, треба да се ревидира по најмалку 10 точки кои се надвор од Уставот, од Рамковниот договор и од меѓународните стандарди. Тој оцени дека препораките од Венецијанската комисија, е апсолутен пораз на правниот тим на валдата, на чело со министерката за правда Рената Дескоска, која, рече, се обидува да ја избегне одговорноста.

Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, потсетија дека во врска со Законот за употреба на јазиците во регуларна процедура поднеле 80 амандмани, а потоа и други 36.500 амандмани кои не биле разгледани. Тие ги прашаа нивните колеги од мнозинството што ќе добијат со барањето за одложување на конечниот извештај од Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците, во кој се констатирани низа забелешки.

Пратеникот Зијадин Села од Алијансата на Албанците потсети дека Законот за јазиците во 2008 година бил донесен под притисок и смета дека бил дискриминаторски. Според него, препораките од Венецијанската комисија меѓу другото се однесуваат на две прашања за употребата на албанскиот јазик на банкнотите и на униформите на Армијата.

Пратеникот Самка Ибраимоски истакна дека откако ќе се добие финалниот извештај од Венецијанската комисија политичките партии ќе седнат и ќе разговараат. Треба да има едно општество и еднакви можности за сите граѓани, рече тој, на што Димовски се осврна на тоа дека една од препораките од Венецијанската комисија е тоа дека јазиците на помалите етнички заедници, меѓу кои и ромскиот не се доволно обработени.

За Антонијо Милошоски со усвојувањето на дополнетиот предлог на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците, дополнително може да го наруши кредибилитетот на државата кај Венцијанската комисија, која, подвлече, предлага да се одложи извршувањето на паричните санкции, особено во делот на судовите и судските постапки, за да се обезбеди правна сигурност.

Нацрт-мислењето на Венецијанската комисија, рече тој, е правна шлаканица за Владата особено за Министерството за правда. Се осврна на изјавите дадени од премиерот Зоран Заев и на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а во кои едниот тврди дека ќе се почитуваат препораките од Венецијанската комисија, додека другиот го вели спротивното.

Во низата реплики помеѓу пратениците од опозицијата и од мнозинството, пратеничката Јагода Шахпаска од СДСМ и коалицијата, предупредувајќи дека законот за Инспекторат за употреба на јазиците не е предмет на разгледување на Венецијанската комисија, истакна дека Милошоски користи изборна реторика и ги заплашува граѓаните во однос на употребата на албанскиот јазик.

venecijanska komisijazakon za jazicite

Би можело да ве интересира

Рената Дескоска e избрана во раководството на Венецијанската комисија

Горан Наумовски13/12/2025 - 11:0113/12/2025 - 11:58

Венецијанска комисија: Се препорачува измена на Уставот со што би се ограничило правото на реизбор на јавниот обвинител

Горан Наумовски15/10/2025 - 08:00

Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски10/10/2025 - 14:5010/10/2025 - 14:50

Пред да влезе во собраниска процедура, за Законот за правична застапеност ќе се произнесе Венецијанската комисија

Горан Наумовски24/06/2025 - 11:11

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

Катерина Ѓуровски26/07/2024 - 12:53

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија

Катерина Ѓуровски17/12/2023 - 11:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен