А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа информации за вработувањата во Владата

by А1он24/07/2017 - 15:01192
Share0

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, согласно член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, поднеле барања до Владата, до сите министри, како и заменици претседатели на Владата да им бидат доставени податоци за тоа колку лица се вработени од формирањето на Владата.

Добивај вести на вибер

– Поднесени се барања до сите министри во Владата, претседателот на Владата, Генералниот секретар на Владата, како и замениците претседатели на Владата во Секретаријатот за европски прашања и Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор, преку кои бараме да ни бидат доставени податоци за сите вработувања кои што се случиле од формирањето на Владата на СДСМ до денес, стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со овие барања тие, како што се наведува, ја искористуваат својата законска можност да добијат одговори за тоа колку нови луѓе се вработени или ангажирани по основ на договор на определено или неопределено време, како и работни односи по основ на договори на дело, авторски договори или други договори.

– Овие информации ги бараме поради фактот што јавноста секојдневно е сведок за вработувања на партиски војници, лица кои што одработувале за потребите на СДСМ и лица кои што се во директни роднински релации со функционери од власта. Овие вработувања се спроведуваат без никакви огласи и без почитување на постапките, процедурите и критериумите кои што се пропишани со законите, стои во информацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бараните информации треба да се достават во рок од 30 дена.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен