Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од седницата со пратенички прашања, ќе се вратат кога ќе почнат усни прашања

Од:

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ излегоа од денешната седница со пратенички прашања, и порачаа дека ќе се вратат кога ќе почнат усните прашања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески на почетокот од седницата го обвини парламентарното мнозинство дека сака да избега од пратенички прашања.

-Власта преку смислено сценарио ќе се обиде да избегне како ѓавол од темјан од нашите прашања така да на почетокот од седницата во делот на одговорете на писмените прашања ставаат околу 56 пратенички прашања од кои 49 од прашањата се на власта, а седум се само на опозицијата. Ова е деловнички, меѓутоа власта преку своите пратеници сака да ја одолговлекува седницата и поставувањето на вистинските прашања од опозициските пратеници да го ускрати. Накратко кажано сами на себе ќе си поставуваат пратенички прашања, рече Мицевски според кого власта со тоа бега од одговорност и од дебата.

Тој најави дека пратениците од опозицијата ќе излезат и повторно ќе се вратат на седницата, кога ќе дојде време, како што вели за вистинските и незгодни прашања.

Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски му реплицираше на Мицевски дека не држи забелешката дека мнозинството бега од дебата и оти и самиот кажал дека ова е деловничка можност.

-Не знам од каде таа забелешка дека бегаме од пратенички прашања кога има директен пренос, сите пратеници се присутни во салата како и премиерот и целата Влада. И самите кажавте дека пратениците ја имаат таа деловничка можност помеѓу две седници да поставуваат писмени пратенички прашања преку претседателот на Собранието до Владата и тоа право го искористиле и во сите овие 54 одговори кои што се добиени согласно Деловникот во роковите, има околу 6-7-8 одговори кои се добиени на прашања од пратенции од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа не ви ја прифаќам забелешката дека бегаме од дебата, рече Мисовски.

Пратеничката Илире Даути од ДУИ исто така излезе со процедурална забелешка и посочи дека од 49 писмени прашања кои се поставени 41 се нејзини, а доминантно се однесуваат за лица во процедура за добивање државјанства.

-Не сум јас пратеничка од тие кои, како што велите вие, прави активна блокада на Собранието. Вие сте тие кои година и пол го блокирате Собранието, а која е добивката? Немате никаков одговор освен дека довербата кај граѓаните е само 2, вели Даути и најави дека овие пратеничка прашања ќе ги поставува и понатаму бидејќи се на барање на граѓани.

Мицески реагираше дека за овие прашања Даути е дел од власта и треба да се обрати до Влада, а со овие прашања вели се обидува да ја спаси власта.

Потпретседателот на Собранието Мисовски во реплика на процедуралната забелешка на Мицевски рече дека опозицијата поради неприфаќање на уставното име пропадна идејата за носење нов деловник кој требаше да го реши овој проблем и се надева дека тоа ќе биде регулирано во во Деловникот кој што треба да се донесе во рамки на третиот Жан Моне процес.

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти