Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува Декларацијата за поддршка на пристапниот процес за членство на Македонија во НАТО, што собраниската Комисија за одбрана и безбедност ќе му ја предложи на Парламентот.

– Би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново. Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина, рече пратеникот Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потсети дека првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена во 1993 година од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ