А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратениците на нова пауза, Џафери најавува работа и по 20 часот

by А1он15/09/2017 - 16:32162
Share0

Пратениците по редовната пауза продолжија со реплики и контрареплики по предложените измени на Законот за измените на Законот за медицински студии и континуираното стручно усовршување на докторите, иако пред паузата претседателот на Собранието на РМ Талат Џафери ги потсети дека е договорено на оваа седница да се поддржат законите кои се од интерес на граѓаните, за минимална плата и за стечајците.

Добивај вести на вибер

Во расправата пратениците напоменуваат за лошиот исход во здравството, а најмногу реакции имаше околу критиките упатени кон Аспазија Софијанова за случајот со Тамара.

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара пауза, која претседателот на Собранието не ја даде, бидејќи немал право на барање по втор пат пауза, но потоа барање за пауза изнесе Димитар Стевананџија, кој и покрај повикот од Џафери да се откаже за да може да се испочитува договореното и да се донесат законите до 17 часот не се откажа.

– Најодговорно тврдам дека во интерес на граѓаните одлучивме во една демократска процедура да ги поддржиме законските решенија за минимална плата и закон за стечајци. Но една колешка ја фрли бомбата со ништо предизвикана сакајќи да се наврати на моменти кои не се за споменување и ги доведе во незавидна положба нејзините граѓани и ние да се расправаме, рече Стевананџија барајќи еден час пауза со цел да се смири атмосферата.

За претседателот на Собранието лицемерието на пратениците нема граница, но им порача дека граѓаните ќе оценат.

Потсети дека врз основа на договор Собранието денеска се врати на оваа седница со намера дека законите се битни и се во интерес на граѓаните и истакна дека поради тоа седницата ќе треба да ја продолжи по 20 часот, бидејќи не може да ги префрли овие точки за понеделник.

Собраниската седница ќе продолжи со работа по еден час пауза.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен