Пратениците ќе расправаат за сурогат мајчинството

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 17-тата седница на чиј денвен ред. меѓу другите, е законот за изменување и дополнување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, во второ читање.

На дневниот ред на седницата се и дополнетите предлози на законот за заштита и благосостојба на животните, на законот за изменување и дополнување на Законот за територијалната организација на локалната самоуправа во Република Македонија, двата во второ читање и Предлог законот за ратификација на Договорот за изменување и дополнување на Договорот за социјално осигурување помеѓу Република Македонија и Република Словенија.

Пратениците треба да ги разгледаат и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, во вторo читање, Барањето за давање на автентично толкување на член 79 став 1 од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Охрид, и Предлог одлуката за дополнување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

Ќе се расправа и за Предлог одлуката за дополнување на Одлуката за основање на претенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави.

Во рамки на дневниот ред на 17-тата седница се и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење во второ читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи, по скратена постапка и на Законот за здравјето на растенијата, на Законот за пожарникарството, и на Законот за безбедност и здравје при работа, трите во прво читање, како и Барањето за давање автентично толкување на член 137 ставови 3 и 4 од Законот за авторското право и сродните права, поднесено од пратеникот Антонијо Милошоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски

Собранието ги донесе измените на Законот за буџетите

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Катерина Ѓуровски

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година