Пратениците ќе одлучуваат како ќе се прислушува

Од:

Сетот закони за реформи во безбедносно-разузнавачкиот систем, кои се спроведуваат согласно препораките на Рајнхард Прибе, меѓу кои е и системот за следење на комуникациите се на денешниот дневен ред на Собранието. Законот за прислушување и новата Агенција што треба да се формира го поминаа првиот комисиски филтер, каде без опозиција и дискусии мнозинството гласаше за услојување.

Во овој пакет има два закони, Предлог-законот за формирање на Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе биде медијатор меѓу овластените корисници и операторите во процесот на прислушување и Предлог-законот за следење на комуникациите, кој има драстични измени. Новите предлог-закони предвидуваат зајакнување на контролата на механизмот на следењето комуникации.

Освен овие закони, тука влегуваат и предлозите за измени на законот за електронски комуникации, извршување санкции, кривична постапка, како и класифицирани информации. Некои од овие промени на законите се дел од пакетот 3-6-9.

К. Л.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on