Пратениците го изгласаа нацрт-амандманот за промена на Преамбулата на Уставот

Од:

Собранието на Република Македонија вечерва со 65 гласа „за“, 18 „против“ и 8 воздржани го усвои нацрт-амандманот XXXIV на Уставот на Репубпика Македонија. Претпладне пратениците го усвоија и XXXIII нацрт-амандман на Уставот, а утре во 11:00 часот 64. седница ќе продолжи со расправа по XXXV, а по неговото изгласување и по XXXVI нацрт-амандман.

За време на попладневната дебата за XXXIV амандман, со кој се предвидува во Преамбулата на Уставот зборовите „одлуките на АСНОМ“ да се заменат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додава Охридскиот рамковен договор, пратениците од власта и опозицијата ги бранеа своите веќе познати ставови.

Во дебатата се вклучи и Зијадин Села, од Алијансата на Албанците кој рече дека во преамбулата сите граѓани на Македонија треба да бидат еднакви без разлика на етничката припадност. Патот за ЕУ и НАТО, според него, е пат за повеќе права на граѓаните на РМ и еднаквост помеѓу народите и внатрешна меѓуетничка кохезија.

– Ние инсистираме да се дефинира како мултиетничка држава во Преамбулата. И верувам дека секој политички субјект во Собранието на еден или на друг начин го има кажано ова, рече Села.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров му реплицираше на Села дека е легитимно за овие прашања да се разговара, особено во јавната расправа што претстои.

– Не е добро чуството дека некој тука е привремено. Македонија е заедничка држава на сите нас и мислам дека е вредно за сето тоа да се дебатира, рече Димитров на пленарната седница.

Претходно претпладево Собранието со 67 гласа „за“, четири „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

По оваа изгласувањето на нацрт – амандманите и завршувањето на оваа фаза, Владата како предлагач на измените треба да организира јавна расправа, по што ќе следува третата и последна фаза од уставните измени, кои се прават во согласност со Договорот од Преспа.

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски