Пратениците чекаат дозвола од Комисијата за заразни болести за да се вратат во старата сала

Од:

Собранието на Македонија се очекува од 8. јуни да го продолжи одржувањето на седниците во пленарната сала како пред пандемијата со Ковид-19, доколку за тоа добие дозвола од Комисијата за заразни болести. Претседателот на Собранието денеска имал средба со претседателот и членовите на оваа Комисија.

– Денеска имав средба со претседателот и претставниците на Комисијата за заразни болести кои што извршија контрола на салите и помошните простории, за да се констатира дали се исполнети сите услови Собранието да почне да ги одржува пленарните седници во Сала Македонија, со почитување на мерките за заштита од КОВИД – 19, согласно новите препораки на Владата, откако службата, пратениците, обезбедувањето и другите секојдневно присутни во Собранието го завршија процесот на имунизација. Со верба дека законодавниот дом ги исполнува препорачаните услови за работа, ќе го очекуваме позитивниот одговор на Комисијата за заразни болести, напиша Џафери на Фејсбук.

Собранието своите пленарни седници од почетокот на пандемијата ги одржува во Салата со Купола поради запазување на препораките за одржување дистанца, но во оваа сала нема систем за електронско гласање така што гласовите се бројат рачно.

Би можело да ве интересира

Собранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања

А1он

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова