Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Повторно ќе застанеме зад интересите и барањата на мајките

Од:

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, ја поздравуваат и поддржуваат истрајноста и решителноста на мајките ширум Република Македонија кои што како што најавија собрале на 11 000 потписи за продолжување на породилното отсуство.

Потсетуваме дека како пратеници и предходно ја поддржавме оваа граѓанска иницијатива која што беше одбиена од пратениците на СДСМ и истовремено како поддршка поднесовме Закон кои што ги содржеше истите барања од иницијативата која што СДСМ ја одби. Се разбира, пратениците од владеачкото мнозинство исто како и иницијативата го одбија и законот кој што требаше да овозможи продолжување на подорилното отсуство на идните мајки.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ повторно ќе застанеме зад интересите и барањата на мајките и се надеваме дека овој пат СДСМ ќе собере храброст и посериозно ќе се вложи заедно со нас и со граѓаните да го исполни ова барање бидејќи очигледно е од голем интерес кај граѓаните кои што планираат принова во своите семејства.

Сметаме дека собраните над 11 000 потписи се доволен и сериозен показател дека за оваа проблематика мора да се отвори детална и сериозна дебата во Собранието на Република Македонија и низ аргументи да се издејствува продолжување на подорилното отсуство во Република Македонија.

Уште еднаш ги охрабруваме пратениците од СДСМ да застанат на страната на граѓаните во случајот мајките и наместо партиските интереси да ги бранат интересите на оние кои што ги гласале и оние кои што ги преставуваат во Собранието, а тоа се граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела