Во Собранието, седницата за пратенички прашања повторно се одвива без опозицијата. Прашања до власта ги поставуваат нивните колеги, пратениците на СДСМ. Досега се зборуваше за субвенциите на земјоделците, за социјалните случаи, за отворање на преминот Маркова нога во Долно Дупени, како и за санацијата на автопатот Тетово-Гостивар.
Министерот за земјоделството наговести дека субенциите кои државата ги должи кон земјоделците, до јуни ќе бидат комплетно исплатени. Надоместот за штета од елементарни непогоди, исто така ќе се исплаќа од февруари. Премиерот Заев, во врска со изградбата на Клиничкиот центар, вели дека со новата организација, проблем биле 3300 паркинг места, со кои ќе се корегира сегашната ситуација кога има 330 паркиг места. Камен темелникот ќе биде ставен во рок од пет години.
Дел од прашањата беа за секојдневните проблеми на граѓаните, а пак останатите посвени на проектите кои треба влада да ги реализира во натамошниот период.
Мнозинството на листата на пратенички прашања остави место за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но тие не се појавија во пратеничките столчиња. Единствени од опозицијата кои поставуваа прашања беа пратениците на БЕСА. До овој момент, немаше политички прашања од собраниската говорница.