Пратеничките од ДОМ на средба со Анѓушев: Се планира зголемена употреба на обновливи извори на енергија

Од:

Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, остварија работна средба со Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

„Ова е во склоп на иницијативата на ДОМ како зелена партија за што побрзо ратификување на Конвенцијата за климатски промени, која е директно поврзана со енергетските политики и придонес кон ограничување на загревањето на атмосферата преку 1,5 степени Целзиусови.

На средбата беше разговарано за промена на досегашните практики во енергетиката и замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија. Се согласија дека енергетската иднина на Македонија не е во нови јагленокопи и термоцентрали, туку во интензивно користење на обновливите енергии, пред се на сонцето, ветерот и водите. Во постоечките, пак, термоцентрали РЕК Битола и РЕК Осломеј треба час поскоро да се воведе десулфуризација, за што стојат на располагање и европски фондови. Тоа ќе биде огромна придобивка за животната средина и здравјето на граѓаните.

За сево ова Македонија треба да се усогласи со енергетската заедница на ЕУ во поглед на стратегијата и регулативата за енергетика. Планирани се измени во Законот за енергетика до крајот на оваа година, со кои ќе се поедностави процедурата за производство на електрична енергија од обновливи извори од страна на правните субјекти и домаќинствата, во поглед на инвестирањето, лиценцирањето и воведување двонасочни броила.“ соопштија од ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски

Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ

Ана Ололовска

„Никој не не прашува ништо“ – Студентите гневни на мерките за штедење, државата бара од нив да имаат разбирање

Орце Костов

ДОМ не го поддржува францускиот предлог

Малите коалициски партии не му даваат поддршка на Ковачевски – И тие не го виделе протоколот

Орце Костов