А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратенички предлагаат домашните кучиња да се кастрираат, за Ферид Мухиќ ова е садистички предлог

by А1он08/01/2019 - 18:37377
Share0

Пратениците се поделија по одредбите на Законот за заштита и благосостојба на животните, предложен од 9 пратенички од различни пратенички групи.

Добивај вести на вибер

Маја Морачанин рече дека целта е да се спречи неконтролираното и неограничено зголемување на бројот на улични кучиња, кои во најголем дел потекнуваат од размножување на домашните миленици.

Имајќи го предвид тоа дека секое куче женка во репродуктивниот период продуцира десетина младенчиња годишно и тоа дека најголем број од нив завршуваат на улица како улични кучиња неопходно е, рече, да се најде законско решение за надминување на проблемот.

Сопствениците на кучиња се должни да ги пријават своите кучиња еднаш годишно во ветеринарните амбуланти, клиники и со цел да ги регистрираат и идентификуваат.

Сопствениците на кучиња во репродуктивен период се должни да ги кастрираат, односно ојаловат своите кучиња во установите,освен оние сопственици што имаат регистрирано одгледувачници на кучиња.Трошоците за овие постапки се на товар на сопствениците на кучињата.

Наместо 100 евра како досега, казната за непочитување на законот е 700 евра.

Вакво законски решение е поддржано од невладини организации меѓу кои и Анима Мунди, рече Љиљана Поповска.

Илија Димовски рече дека дијагнозата е точна, но не и терапијата.

На ваков закон остро се спротивстави Ферид Мухиќ. За него законот е најбрутален досега, садистички предлог, предлог за тортура врз кучињата. Апелираше пратениците најостро да се спротивстават на вакво решение.

Мнозинството не го прифати ова законско решение.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен