Пратеничката Смилеска заразена со коронавирус: Не знам како сум се инфицирала, цел месец не бев излезена од дома

Од:

Пратеничката Кети Смилеска од СДСМ, на која ѝ е дијагностициран коронавирусот, во изјава за „А1он“ вели дека не знае како се заболела, со оглед дека повеќе од еден месец не излегува од нејзиниот дом во Прилеп. Таа вели дека по 15 февруари не го напуштила ниту градот, а комуницирала само со нејзиното потесно семејство. Пратеничката Смилеска моментално е хоспитализирана во Општата болница – Прилеп.

„Не знам како сум се инфицирала, цел месец не бев излезена од дома. Комуницирав само со најтесното семејство, а тие, засега, немаат симптоми. Земен им е брис и чекаме резултати за нив. Јас по 15 февруари допатував во Прилеп, а од 10 март не сум излезена од дома. Сопругот одеше на работа, но, како што кажав, нема никакви симптоми. Јас ги осетив сите симптоми кои ги посочуваат здравствените работници. Имав болки во мускули, грло, осип, а потоа, последната фаза беше тешкото дишење. Благодарност до целиот медицински кадар во прилепската болница“, вели Смилеска за „А1он“.

Таа од болницата им порачува на сите максимално да се заштитат и да внимаваат, за да не заболат од коронавирусот. Инаку, во изминатите 24 часа се потврдени 54 нови случаи на коронавирусот, од кои 10 се од Прилеп, каде досега се дијагностицирани 85 заразени.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска