Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе законски измени за да нема пораст на функционерските плати

Од:

Пратеничката група на СДСМ ќе поднесе измени на сите закони со кои се регулираат платите на функционерите со цел платите на овие лица да не пораснат, најави денеска лидерот на партијата Димитар Ковачевски.

– Најдовме уставно издржано решение со кое нема да пораснат платите на функционерите со новото ниво на просечната плата. Со ова решение постоечките коефициенти ќе бидат намалени со што платите на сите избрани и именувани лица нема да пораснат, изјави Ковачевски при денешната посета на Тетово.

Минатата година во март со одлука на Уставниот суд со која се укина член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, се одмрзнаа платите на избраните и именуваните лица и беа зголемени за 78 проценти.

По реакциите на јавноста, Владата формираше работна група која требаше да изнајде решение. Владините претставници тогаш посочуваа дека се потребни измени на седум законски решенија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ