ВИДЕО: Пратеничката група на СДСМ ќе ги поднесе законите за минимална плата, за стечајците и укинување на радиодифузната такса

Од:

Пратеничката група на СДСМ пред почетокот на собраниските седници, што треба да се одржат следната недела ќе поднесе пакет закони што ги опфата предлог-законите за минимална плата, за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, како и регулативата за укинување на радиодифузната такса.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев рече дека за овие закони поддршка побарал и од опозицските ВМРО-ДПМНЕ и Беса.

– Вчера и денека побарав поддршка за овие закони од сите пратенички групи. Очекувам овој пат, интересот на граѓаните да биде пред партискиот интерес, изјави Тунтев.

Тој додаде дека законите се поднесуваат по скратена постапка откако се обезбедени средства со донесениот ребаланс на Буџетот.

Со законот за минималната плата ќе се усогласи миналната плата на вработените во текстилната и индустријата за поизводство на кожа, како и покачување на минималната плата на 12.000 денари нето. Со т.н закон за стечајци ќе се овозможи материјално обезбедување на над 3.500 лица односно лица кои најмалку 15 години биле во работен однос во претпријатија во држана сопственост и кои на денот на стапување на сила на законот ќе бидат на возраст од 52 години за жени и 55 за мажи. Тие ќе стекнат право на паричен надомет во висина од 7.596 денари месечно. Укинувањето на радиодифузната такса, како и мерката за враќање на евтината дневна и викенд тарифа на струјата, според Тунтев, ќе го помогне домашниот буџет кај сите граѓани.

Со оглед на локалните избори Собранието, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, најверојатно ќе заседава најдоцна до 25 септември, и исклучително е важно работата на Парламентот во наредниот период да биде ефикасна и со конкретни резултати. Искуството со седницата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, според Тунтев, говори дека се можни нови блокади.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски