Пратеничката Данева јавно опомената од Антикорупциска

Од:

Пратеничката од СДСМ, Ана Павловска Данева доби јавна опомена од Комисијата за спречување на корупцијата.

– Како што стои во соопштението од Антокорупциска, Данева, спротивно на Законот за спречување на судир на интереси, истовремено е пратеник во македонското Собрание и предава на Правниот факултет во Скопје, за што како што велат од ДКСК, добива паричен надоместок.

За конкретниот случај е важно што, поради фактот што кумулацијата на функции е најизразена форма на судир на интереси што се санкиционира во законите за спречување на корупцијата и на судирот на интереси, Собранието на РМ на почетокот на оваа 2013 година направи измена во законот за високото образование која гласи:

„Лице избрано во наставно-научно звање или соработничко звање на кое му мирува работниот однос поради вршење функција на избрано или наименувано лице не може да изведува настава или да спроведува испити, не може да биде ментор или член на комисија за оценка или одбрана на магистерски труд и докторска дисертација и не може да прима надоместок од високо образовната установа за извршена наставна, научно-истражувачка или применувачка дејност“.

И покрај ваквата стриктна законска норма, Павловска Данева „по сопствена желба” како што стои во дописот обезбеден од Правниот факултет на барање на ДКСК, продолжи да спроведува настава, се разбира за соодветен надоместок.

Оттаму се исполнија условите од членот 23 од Законот за спречување судир на интереси врз кој ДКСК на 29.05.2013 ја изрече мерката јавна опомена на Ана Павловска Данева поради непостапување по барањето на ДКСК и неизлегувањето од состојба на судир на интереси, стои во соопштението за Државната комисија за спречување на корупцијата

ДКСК постапува согласно со законите и пред јавноста излегува единствено со факти, како што е и во конкретниот случај соопштувајќи факти и околности што јавноста треба да ги знае, а кои се документирани во постапувањето на Државната комисија.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Ана Павловска-Данева избрана за уставен судија

Катерина Ѓуровски

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски