Пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ позитивна на Ковид-19

Од:

Пратеничката Јадранка Поцкова од Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е позитивна на коронавирусот, брифираат собраниски извори за „А1он“.

Пратеничката од минатата недела не оди на работа, затоа што не се чувствува добро, но засега информацијата не ја потврди ниту таа, ниту пак партијата. Досега, само пратениците на СДСМ и ДУИ, Лазе Танески Исмаил Јахоски јавно објавија дека се позитивни на Ковид 19, додека од ВМРО-ДПМНЕ ниту еден пратеник не објавил дека е позитивен.

Пред извесно време, позитивен со Ковид-19 беше и пратеникот Арбен Зибери, кој од изолирана соба во Собранието гласаше за составот на новата Влада.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски