А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја почитуваме одлуката на Уставниот суд

by А1он25/05/2016 - 15:5525/05/2016 - 17:13143
Share0

Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија со која се поништуваат Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од јануари 2016 и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на РМ од февруари 2016 година не е во насока на размислувањата на ВМРО-ДПМНЕ, но како што најавија од пратеничката група на оваа партија ќе ја почитуваат.

Добивај вести на вибер

– Одлуката на Уставниот суд, ние како политичка партија ќе ја почитуваме. Сметаме дека не е во насока на размислувањата на нашата партија и во насока на нашето дејствување, меѓутоа Уставниот суд е институција која што треба да биде почитувана во оваа држава и ние како таква ќе ја почитуваме, се вели во денешното соопштение од пратеничката група.

ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска партија, се додава во соопштението смета дека единствено изборите се начин на легитимирање на една власт и дека народот е тој што ја дава и ја зема власта.

– Како партија бевме подготвени на 5 јуни да излеземе на избори и да дадеме можност на народот да го каже своето размислување околу политичката ситуација во државата, се посочува во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто