Од ден во ден се повеќе се зголемува бројот на нелогичните прашања кои се дел од ектерното тестирање кое се спроведува меѓу основците и средношколците.
Прашање по предметот англиски јазик е хит и постојано се споделува на социјалните мрежи, а корисниците го бараат точниот одговор.
Прашањето гласи:
Кристен има еден брат и една сестра. Името на нејзиниот брат е Едвард. Тој има 20 години. Тој има црна коса, сини очи и е многу висок. Неговото хоби е играње кошарка. Тој студира да биде доктор. Името на неговата сестра е Изабел. Таа има 18 години. Таа е многу убава, со долга руса коса и сини очи. Таа сака да биде танчерка. Што сака да биде Хана?“