Со доцнење и проблеми со компјутерскиот систем, денеска започна екстерното тестирање за основците и за средношколците.
И покрај доцнењето од половина час или повеќе во неколку училишта, поголеми проблеми не биле регистрирани.
На социјалните мрежи веќе се појавија некои од прашањата кои се проблематични за учениците и за родителите. Така, по предметот историја за 6-то одделение, се бара знаење за следниве прашања:
„Од јазикот на античките Македонци денес се познати?“
„Каде била одржана масовната свечена свадба кога десет илјади Македонци се ожениле со Персијки?“
„Кога владеел Александар III Македонски?“
„Колку години владеел Александар III Македонски?“
Екстерното тестирање ќе заврши на 11 јуни, Државниот испитен центар соопшти дека со екстерното тестирање ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта. Тестирањата ќе се спроведат на 1 972 предмети.