А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прашањата за екстерното на prasanjaeksterno.dic.edu.mk по 20 часот

by А1он05/05/2015 - 16:15837
Share0

Министерството за образование и наука денеска по 20 часот, прашањата кои што ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование, ќе ги објави на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Добивај вести на вибер

– Јавниот базен ќе содржи 445.700 прашања на македонски, албански, турски и српски јазик по вкупно 7.560 предмети. За секој предмет се генерирани прашања во зависност од неговата застапеност во наставниот план, односно бројот на часови. За предмет застапен со 1 час неделно, генерирани се 100 прашања, за предмет со 2 часа неделно генерирани се 200 прашања, за предмет застапен со 3 часа неделно генерирани се 300 прашања, информираат од МОН.

Секој ученик може на едноставен начин, преку менито на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, да ги обезбеди оние прашања по предметите што го засегаат.

Од Министерството информираат дека е отворена и можноста на секое прашање доколку некој од учениците или кој било граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, која е возможно да постои имајќи ја предвид количината на прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање.

За други прашања или сугестии кои не се поврзани со содржината, односно со технички корекции на прашања, може да се испрати мејл на адресата [email protected], на што операторите од Државниот испитен центар ќе одговорат во најкраток можен рок. Оваа можност ќе биде достапна до 14 мај 2015 година, по што, откако ќе бидат вметнати сите издржани забелешки, повторно ќе биде креирана и објавена финалната база на прашања.

eksterno

Би можело да ве интересира

СДСМ: Екстерното тестирање беше една од најголемите антиреформи

Наум Локоски09/06/2017 - 17:47

МОФ: Екстерното тестирање постигна само оштетени ученици и професори и залудно потрешени пари

Наум Локоски02/06/2017 - 14:1202/06/2017 - 16:38

МОН: Укинувањето на екстерното тестирање објавено и во Службен весник

Наум Локоски02/06/2017 - 10:5802/06/2017 - 11:05

ВИДЕО: Укинато екстерното тестирање

Наум Локоски01/06/2017 - 18:0501/06/2017 - 19:27

Законите за укинување на екстерното и локалните избори во скратена постапка во македонското Собрание

Наум Локоски01/06/2017 - 15:2801/06/2017 - 16:28

(ВИДЕО) Дескоска: Утре се укинува екстерното тестирање

Ана Ололовска31/05/2017 - 12:0131/05/2017 - 12:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен