Поранешниот амбасадор Димитровски репетирал пушка кон сосед

Од:

Вчера А.Д. пријавил дека во зграда на улицата „Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед , поранешниот македонски амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски, по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.

„Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Томислав Димитровски се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Димитровски е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР за овој случај.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари