Познат идентитетот на Македонецот убиен во Бугарија – педофилија или грабеж е причината 14-годишно момче да го избоде со кол

Од:

Познат идентитетот на македонецот убиен во Бугарија, а во бугарските медиуми се појавија и брутални детали за убиството во Сончев Брег.

Убиениот е 50-годишниот македонец Игор Николовски, а сторителот е 14 годишното момче Михаил Х, за кое медиумите пишуваат дека е од ромска национаност.

Според извори на бугарските сајтови Flagman.bg и novinite.bg убиството се случило откако возрасниот маж се обидел да го принуди малолетникот на сексуални односи.  Наводно 50-годишниот маж му предложил да одат на затскриено место, во напуштена барака каде ќе можат да имаат интимни односи, но Михаил побеснел зел дрвен кол и му нанел неколку повреди во пределот на главата на 50 годишниот македонец.

Потоа телото го сокрил во блиската шума крај ресторанот „Бчвата“ и го сокрил прекривајќи го со даски и шут. Но, полициските службеници брзо ги откриле и телото и сторителот.

Сепак овие информации на бугарските медиуми се уште не се потврдени од полицијата иако според истрагата мотивите се бараат во два правци – Педофилија, но и можен грабеж бидејќи 14 годишникот бил проблематичен и познат на полицијата по криминални дела.

Бугарскиот сајт Flagman.bg додава дека македонецот Игор имал престој во Бугарија и последен пат во земјата влегол на 24.01. преку граничниот премин – Ѓуешево.

Сајтот објави и фотографии од местото на убиството. Малата барака се наоѓа на неколку метри од центарот и живиот дел на одморалиштето каде има и многу туристи, но и постојани жители.

На почетокот на шумата има напуштена барака, до која е расфрлано ѓубре. Убиството е извршено таму.

Сè уште јасно се гледаат трагите од крвта на жртвата. Михаил го убил Игор на почетокот на шумата, а потоа успеал да го влече неколку метри за да го сокрие во шутот и го покрил со дрвени даски. Случаен минувач го забележал телото и веднаш повикал полиција.

Полицијата во Несебар успеала да го идентификува Михаил како сторител и да го пронајде. Тој се наоѓа во притвор.

Михаил живее на Сончев Брег со семејството и има криминално досие. Доколку биде прогласен за виновен, може да добие затворска казна до 5 години, бидејќи е малолетен. Полицијата најави повеќе детали за мотивите за убиството во текот на денешниот ден.

Foto: flagman.bg

 

Би можело да ве интересира

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово

Малолетник направил хаос, со автомобил удрил пешак кој се бори за живот

Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Еден загинат, двајца тешко повредени во три сообраќајни несреќи

Катерина Ѓуровски

Скопјнец пикнал малолетник во багажник за да му каже кој му го удирал возилото со снежни топки