Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски синоќа добил позитивен тест за коронавирус. Тој социјалните мрежи денес објави дека се чувствува добро и дека сите обврски ги извршува од дома.
„Би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти. Како и секој пат кога се појавило сомнеж, а според препорака на епидемиолозите ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано“, објави директорот Деспотовски.
Вчера во Македонија беа регистрирани 1192 новозаразени и 22 починати од направени рекордни 3211 тестирања.
