А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Пожарот во Струга се проширил од работилница за ролетни

by А1он11/02/2013 - 14:21164
Share0

Пожарот што утрово околу 9 часот зафати семејна куќа во строгиот центар на Струга, избувнал во работилница за ролетни сместена во приземјето на објектот, соопшти Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Следете a1on на Instagram Instagram

Командирот на територијалната противпожарна единица во Струга Урим Каба вели дека пожарот бил пријавен во девет часот и три минути по што веднаш се интервенирало и била спречена поголема несреќа.

– Веднаш по пријавата две противпожарни екипи со седум пожарникари се упатија на лице место за да го изгаснат пожарот. Кога стигнавме, објектот беше во пламен, а имаше и граѓани кои сакаа да помогнат, но се повлекоа за да можеме да интервенираме. Започнавме со гаснење на пожарот и извлекување на луѓето од внатрешноста, но поради густиот чад, не успевме да видиме дека има уште еден човек кој беше целосно затруен со јаглероден диоксид. Викнавме итна медицинска помош, а во меѓувреме и ние му укажавме прва помош, изјави Каба.

Затруениот стружанец З.Г. е згрижен на хируршкото одделение во градската болница и се следи неговата состојба. Според послените информации од дежурниот хирург доктор Владо Кочоски, кој го примил на одделението, тој е во стабилна состојба.

– Пациентот е во стабилна состојба и е свесен, но се уште прима терапија. Бидејќи се работи за труење со чад и вдишување на пластични материи добива и кислород, рече Кочоски.

Увидот се уште трае, но според командирот Каба, огнот се појавил во работилницата и ги зафатил пластичните материјали, а потоа се проширил и на останатиот дел од куќата.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Доколку не интервениравме навреме, ќе имаше огромна материјална штета. Имаше тенденција за проширување на пожарот на останатите куќи кои се залепени до опожарената, но со брзата реакција на пожарникарите, успеавме навреме да спречиме поголема трагедија, објаснува Каба.

pozarstruga

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Горан Наумовски12/10/2026 - 08:32

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он08/10/2026 - 12:34

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он05/10/2026 - 10:4205/10/2026 - 11:09

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Предраг Петровиќ29/09/2026 - 16:46

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он28/09/2026 - 09:26

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он22/09/2026 - 18:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео