Во раните утрински часови локализиран пожарот во Ранковце

Од:

Шумскиот пожар што вчера зафати голема површина во атарот на селата Отошница и Радибуш во Општина Ранковце рано утрово е локализиран, информираат од Јавното претпријатие Македонски шуми, подрачно шумско стопанство „Осогово”, Крива Паланка.
-Пожарот кој вчера стихијно се ширеше во најголем дел од реонот на селото Отошница и дел село Радибуш и опожари и шуми и ливади, но за жал и куќи на месното население, е локализиран околу полноќ.

По неговото првично локализирање повторно се појавија одредени жаришта, на кои се интервенираше, така што целосно е локализиран околу два часот утринава. Со пожарот е зафатена голема површина борова и дабова шума, ливади, а проценка и мерење ќе се врши во текот на денот, изјави Ивица Митовски, директор на ПШС „Осогово”, Крива Паланка.

Поради сериозноста на ситуацијата со пожарот, синоќа во Ранковце на местото каде пожарникарите и мештаните се бореа со пламените јазици беа и вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

И во Крива Паланка во текот на вчерашниот ден се регистрирани повеќе пожари и тоа во селата Варовиште, Конопница и Кошари, м.в.Црвена нива, а опожарени плевна, куќа, дрва за огрев, сува трева, нискостеблеста деградирана шума и дабова шума.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски