МВР: Пожарот во Радишани предизвикан од невнимание при заварување со оксигенска боца

Од:

Екипа од СВР Скопје денес ќе врши увид по вчерашниот пожар во Радишани во објект меѓу двете бензински станици. МВР извести дека пожарот е предизвикан од невнимание.

„ На 22.05.2020 во 12,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.’18’ во населба Радишани-Скопје избувнал пожар во автомеханичарски сервис од невнимание, додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца. Притоа биле опожарени повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје“, соопшти МВР.

Пожарот вчера ги вознемири жителите во околните куќи кои стравуваа дека ќе се прошири до бензинските станици кои се во непосредна близина. Бригадата за противпожарна заштита на Скопје со 10 возила и 25 пожарникари за неполни дваесет минути го изгаси огнот.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски