Пожарот во Кочани се доближува кон склад на „Макпетрол“ и е вон контрола

Од:

Пожарот во Кочани претставува опасност за склад на бензиските „Макпетрол“. Ова го објави Центарот за управување со кризи, од каде известија дека огнената стихија не е ставена под контрола. Оттаму додаваат и дека постоечките екипи за гаснење на пожарот не се доволни и се бара дополнителни.

„Пожарот во близина на с. Бели односно местото викано Сламерник во неколку наврати е загасуван, но истиот се разгорува и во моментот е вон контрола и претставува опасност кон склад на Макпетрол, кон Драчевик и Белско маало. Според дојава на граѓани пожарот е сосема до куќите. Територијалната противпожарна единица – Кочани се наоѓа на терен како и екипа од територијалната противпожарна единица Виница со две противпожарни едници и 4 пожарникари. Граѓаните бараат дополнителни сили бидејќи постоечките не можат да задоволат“, известија од ЦУК.

Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај местото викано Костин Дол и истиот за кратко време се има проширено кон шумски предел и е вон контрола. За истиот е побарана интервенција од воздух.

„Не знаеме од каде ќе избувне, но ја смируваме ситуацијата“. Вака градоначалникот Николчо Илијев ја опишува ситуацијата во Кочани, по страотниот пожар кој го зафати градот. Тој потврди дека зафатени се повеќе куќи, но не сакаше да коментира дали меѓу нив е и неговата, потенцирајќи дека тоа сега е најмалку важно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он