Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Од:

Според градоначалникот Анго Ангов, во Дојран се работи за голем пожар кој гори веќе неколку часови и во неговото гаснење покрај месното население учествуваат пожарникари од Дојран, Валандово, Гевгелија и Струмица.

– Апелираме за помош од Дирекцијата за заштита за и спасување, бидејќи досега не успеваме да се справиме со огнената стихија која под налетите на силниот ветрот се шири многу бргу. Пожарот најверојатно е подметнат, бидејќи на местото каде што гори пронајдовме канти од моторно масло, изјави за МИА градоначалникот Анго Ангов.

Покрај овој пожар, на територијата на Општина Дојран избувна уште еден кај селото Николиќ, кој се префрлил на грчката страна од Дојранското Езеро.

Би можело да ве интересира

Сѐ уште гори во близина на Тиквешкото Езеро

А1он

ЦУК: Активни се пет пожари, три ставени под контрола

А1он

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено

А1он

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје