Пожарот во Богословец е изгаснат, но се шири на исток од селото

Од:

Пожарот во светиниколското село Богословец е изгаснат, но се движи кон врвот од планината Богословец и кон исток од селото, објави на Фејсбук Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.

Тој додава дека пожарот во селото Богословец зафатил неколку стари куќи во кои не живее никој и дека нема жртви ниту повредени.

– Благодарение на интеревенцијата на ТППЕ Свети Николе и посебно светиниколското Доброволно противпожарно друштво, пожарот во селото е изгаснат, но се движи кон соседниот врв, до врвот Богословец, како и на исток од селото, информира директорот на ЦУК и вели дека очекува до раните утрински часови пожарот да биде ставен под контрола.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

Ангелов: Имаме индиции дека пожарот кај Батинци е намерно подметнат

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава