Пожарот на Шар Планина се изгаснал, уште гори на Жеден

Од:

Во последното деноноќие се регистрирани 17 пожари на отворено. Горела нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери, соопшти ЦУК.

Од 17-те пожари на отворено, се уште се активен е оној на планината Жеден. Во ЦУК е добиена информација од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) Скопје и Полициска станица Сарај дека пожарот околу врвот на планината Жеден, каде што гори претежно трева и евентуално грмушки се уште е активен, но со намелен интензитет и дека заради тоа што во текот на денот постои можност од негово разгорување, тој ќе се надгледува.

Вчера, заради ноќни улови и непристапен терен скопската БППЗ не можеше да интервенира.

Пожарот кај село Вешала во Општина Тетово се самоизгаснал во текот на ноќните часови, соопшти Центарот за управување со кризи.

Екипа од Национален парк „Шар Планина“ е на терен и врши обиколка на опожарената површина и контрола за да спречи евентуално повторно самозапалување на огнот. Зафатена била поголема површина обрасната со сува трева, папрат, смрека и ситни грмушки.

Во текот на вчерашниот ден, согласно теренот и условите, екипи на ТППЕ Тетово и ренџери од Национален парк „Шар Планина“ учествуваа во негово гаснење.

Од ЦУК повторно аплираат да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар да се пријавува на Единствениот повикувачки број 112, како и другите итни случаи особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Би можело да ве интересира

Под контрола пожарот во Геге и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, пациентите и персоналот евакуирани

Катерина Ѓуровски

Пожарот кон преминот „Блаце“ е со голем интензитет, испратен хеликоптер на МВР

Катерина Ѓуровски

50 армиски и полициски возила пренаменети за борба со шумските пожари

Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

Пожарот кај Валандово се гаси од воздух, гори и во прилепскои кумановско

Опасен пожар се шири кон границата со Грција, се слуша пукање на муниција

Катерина Ѓуровски