Пожарникарите од Струмица, Радовиш, Кавадарци, Валандово и од Штип со 16 возила го гасеа пожарот во „Глобал“

Од:

Противпожарната единица во Струмица ги ангажаирала сите 38 пожарникари и шесте возила во обидот да се справи со пожарот кој го зафати трговскиот центар „Глобал“.

Со оглед на големината и јачината на пожарот биле повикани и противпожарните единици од неколку града од околината информираат струмичките пожарникари.

-ТППЕ Струмица веднаш по првата дојава излезе на лице место. Согледувајки ја сериозноста и големината на пожарот веднаш е извршена мобилизација на целиот состав на единицата и тоа 38 пожарникари спасители и 6 ПП возила. Побарана е помош од ТППЕ Радовиш со 3 ПП возила и 6 пожарникари спасители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари спасители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари спасители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода. Извршено е гаснење на пожарот од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев. Пожарот е ликвидиран во 03.50 минути. Оставена е дежурна екипа заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел. Причинета е огромна материјална штета, стои во објавата на социјалните мрежи.

Во пожарот изгореа десетина дуќани, делот каде што е сместен пазарот и зафатен е еден маркет. Повредени нема.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје