Пожарникари интервенираа во два опожарени објекта во Скопје и еден во Битола

Од:

Во текот на вчерашниот ден во МВР пријавени се три пожари – во барака и во викенд – куќа во Скопје и во рибарница во Битола, каде на едно лице му била пружена медицинска помош.

Првиот пожар во Скопје е пријавен во 21.40 часот во СВР Скопје, а избувнал во барака во која била сместена Месната заедница „Дексион“ на ул.„Андреа Зограф“.

Во СВР Скопје вчера вториот пожар бил пријавен во истиот термин од Бригадата за противпожарна заштита, а избувнал во викенд-куќичка на ловно друштво на ридот во атар над скопското село Страчинци.

Во ниту еден од двата пожара нема повредени лица. Пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита, а извршен е и увид.

Во СВР Битола, пак, вчера во 11 часот било пријавено дека на ул.„Васко Карангелевски“, во рибарница во рамки на битолскиот пазар, избувнал пожар по експлозија на плинска боца. Вработената А.К.Т.(28) од Битола била префрлена во Клиничката болница Битола, а потоа била пуштена дома. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Потврдена трагичната вест: Државјанка на БиХ загина во пожарот кај Омиш

A1on

(ВИДЕО) Гори кај Улцињ: Пожарите уништија маслинови насади, огнот се приближува до црква

A1on

Нов пожар кај Омиш кој им се заканува на Свинишќе и Подашпиље

Драма во Германија: Повеќе од 2.000 луѓе евакуирани поради пожар, пламените јазици се приближуваат кон село

Три пожари во велешко за еден ден, активен крак на пожарот меѓу Сопот и С’лп

Се гаснат шест пожари, под контрола се два