Пожарникари го сечеле возилото за да го извлечат телото на загинатиот работник кај Бошков Мост

Од:

Загубил контрола, удрил во мост па излетал со комбето во реката Радика. Страотна слика вчера кај Бошков Мост по тешката сообраќајна несреќа во која во 6 часот и 45 минути животот го загуби 62-годишниот Садик Франгу од селото Баланци, возач на комби возило на „Хисар туризам“, кој требало да стигне во Гостивар за да земе печалбари кои доаѓаат во родниот крај.

Според податоците, први на местото на несреќата пристигнале припадници на полицијата од Полициската станица од Ростуше, на чија територија се случи сообраќајката, по што веднаш по најавата пристигнале и екипата на Итна медицинска помош од Здравствениот дом од Дебар и Територијалната противпожарна единица од Дебар. Во извлекувањето на возилото учествувала и територијалната противпожарна единица од Дебар.

– Со дозвола на обвинителот нашите пожарникари слегоа до возилото во реката. Бидејќи возилото беше затворено моравме со потребна опрема да отвориме една од вратите за да го извлечеме телото на возачот, по што лекарот само констатира смрт. Трагедија за семејството, токму на денот на големиот празник. Тоа е судбината – вели потресен Џетан Мифтароски, командир на дебарската противпожарна единица, пренесува Дневник.

Инаку, вчера се случи уште една трагедија кога осуммесечно бебенце го загуби животот во страотна сообраќајка кај Демир Капија.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски