Пожар во угостителски објект во центарот на Кичево

Од:

Пожар избувна денеска на пладне во подрумскиот дел на угостителски објект во центарот на Кичево, лоциран на улицата „Амит Челопечанец“.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица – Кичево, нивна екипа со брза интервенција го локализирала пожарот и спречила да се прошири на соседните објекти. Во пожарот никој не е повреден и само е причинета материјална штета.

Според очевидци, огнот избувнал од оџакот на објектот и ги зафатил теписите и други предмети во близина по што се проширил на целиот подрумски дел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он