Пожар во ТВ ВИС во Струмица

Од:

Пожарот кој изби ноќеска по 2 часот во поранешната касарна во Струмица, ја зафати и ТВ Вис. Уништен е поголем дел од опремата на телевизијата, а зафатено е и телевизиското студио, информираат од Вис. Интервенирале противпожарните служби за да го изгаснат пожарот, а од водата, опремата на телевизијата дополнително била уништена, додаваат тие.

Од телевизијата велат дека во идниот период граѓаните ќе ги информираат преку нивните официјални профили на социјалните мрежи.

Полиција направила увид, а истрагата ќе треба да покаже кои се причините за пожарот, како и да процени за колкава материјална штета станува збор.

Фото: ТВ Вис

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он