Пожар во подрум од куќа во Кавадарци, повредени нема

Од:

Пожар избувна денеска во подрум од куќа во центарот на Кавадарци, повредени лица нема. Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека интервенирале со две возила и седум пожарникари, а на помош им дошле и по едно возило со по двајца пожарникари од неготинската противпожарна единица и компаниите „Кожувчанка” и „Фени”.

– Среќа во несреќа е тоа што не дозволивме пожарот да се прошири на останатите делови од куќата и други објекти, нагласи Богевски.

Дополнително ќе се утврдува висината на настанатата штета.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан